Сервис и услуги

 Во сервисот можете да донесете велосипед на сервис или поправка само по претходна најава!

Велосипедот на сервис се носи чист ,доколку не е чист се наплаќа чистење 200 денари

.

 

Услуги во сервисот за велосипеди 

Во сервисот можете да донесете велосипед на сервис или поправка само со претходна најава! 
Велосипедот ќе го задржиме  еден до два дена во зависност од потребите. 
Најдобар начин за најава е со порака на kontakt@mastersport.com.mk , во која ќе го наведете моделот на велосипедот и краток опис на бараната услуга или со најава на телефон во сервис 

сервис  тел/факс : +389 2 3090 115


ЦЕНОВНИК за сервисирање велосипед

6618 Основен сервис 1200 ден
•    Чистење на велосипед
•    Генерална прoверка
•    Проверка и штелување на сопирачки
•    Проверка и штелување на брзини
•    Проверка на гуми
•    Проверка на гарнитура од волан
•    Проверка на средна осовина
•    Подмачкување на ланец

Мастербајк го препорачува овој сервис за возачите кои возат со помал интензитет и за децата, неколку пати годишно помеѓу комплетните сервиси

6601 Комплетен сервис 1500 ден
•    Се од основен сервис плус
•    Подмачкување на гарнитура од волан
•    Подмачкување на средна осовина
•    Подмачкување на предна и задна осовина
•    Центрирање на тркала
•    Кратко пробно возење
Пожелно за сите возачи барем еднаш годишно. За маунтин бајкери и за останатите возачи кои возат по интензивно, го препорачуваме почесто, според интензитетот на возењето.

6602 Екстра сервис 3000 ден (во цената не се вклучени деловите)
Се како во комплетен сервис плус
•    Замена на пакни
•    Замена на сајли
•    Замена на божури
Мастербајк овој сервис го препорачува за сите возачи кои возат интензивно (неколку пати неделно) еднаш годишно

Цената за сервисирање на ВИЛУШКА АМОРТИЗЕР не е вклучена во цената на сервисите и изнесува:

6623 Основен сервис на амортизер 700 ден
•    Чистење
•    Проверка на прашинарки
•    Пумпање (кај воздушни)
•    Подмачкување
•    Проверка на функцијата

Коплетен сервис на амортизер 2000 - 3500 ден
•    Се како во основен плус
•    Замена масло 
•    Подмачкување на опруги
•    Проверка на функцијата

Расклопување на велосипед                                              1500- денари

Склопување на велосипед                                                 2000- денари