Политика за приватност

Во оваа Политика, ние како Друштво за производство инЖинеринг услуги и промет МАРВЕС Бранислава ДООЕЛ Скопје (во понатамоштен тескт МАСТЕРСПОРТ), контролор на лични податоци, детално ќе ги опишеме Вашите права на доверливост и приватност на личните податоци. Овој документ обезбедува детали за начинот на собирање, обработка, чување и евентуален пренос на податоците што ги собираме и чуваме за Вас, и зошто можеби ќе треба одреден дел од вашите лични податоци да ги споделиме со други организации.

 

 

Информации за обработка и заштита на личните податоци

 

Со овие информации сакаме да Ве информираме во детали за обработката на Вашите лични податоци како:

 

• посетител на веб страницата на МАСТЕРСПОРТ,
• како корисник на услугите и производите на МАСТЕРСПОРТ,
• како корисник на онлајн можноста за нарачка и достава на продукти на МАСТЕРСПОРТ
• како договорна страна при склучување на договор за деловна соработка, за извршување на услуга или работа,

 

како и:

 

• за правниот основ и целите за обработка на податоците,
• правата кои можe да ги остварите во врска со обработката на личните податоци.

 

1. Кој е одговорен за обработката на Вашите лични податоци?

 

МАСТЕРСПОРТ е Контролор кој врши обработка на Вашите лични податоци и е одговорен за обработка на вашите лични податоци, како и за воспоставување на мерки за сигурност на податоците преку креирање и спроведување на физички,технички и организациски мерки.

 

2. Цел на обработка на личните податоци се:

 

• Вршење достава на Ваша нарачка
• Остварување на правата при користење на услуги од МАСТЕРСПОРТ
• Прием и одговор на Ваши барања испратени по маил

 

3. Правни основи за обработка на личните податоци се:

 

• Исполнување на законска обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
• Исполнување на договорна обврска -  Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
• Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација (на пример: реализација на извршена нарачка)
• Изјава за согласност - Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.

 

4. Кои категории на лични податоци ги обработуваме

 

• Вршење на достава на нарачан продукт: име, презиме, телефон, е-адреса, место, поштенски број, земја, регион, компанија и адреса
• Рекламација – име, презиме, адреса, контакт податоци (емаил и/или телефон), податоци за продуктот кои бил купен
• Сервис - име, презиме, адреса, контакт податоци (емаил и/или телефон), податоци за продуктот кои бил купен, дополнителни коментари

 

5. За која цел се користат овие податоци

 

Наша цел е да Ви го обезбедиме продуктот кој што го имате нарачано. Ние, исто така, може да ги користиме информациите што ги собираме и чуваме за и од Вас за да ни помогне да ги водиме и подобриме услугата спрема клиентот. На пример, дадените информации може да и помогнат на МАСТЕРСПОРТ да:

• Ви обезбеди најдобра услуга
• бидете сигурни дека Вашата нарачка е примена
• добиваме извештај за тоа колку се квалитетни нашите услуги
• се испитуваат поплаки, правни тврдења и несаканите инциденти
• ги задоволат потребите на клиентите во иднина
• Доколку е потребно од секторот за човечки ресурси ќе биде побарано да подготви статистика за активности на МАСТЕРСПОРТ каде што можат и вашите податоци да бидат предмет на обработка

 

 

На кои категории на корисници може да им ги доставиме личните податоци

 

• Друштва за осигурување – со цел реализација на права од Вашето приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
• Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000), со цел редовна комуникација со Секторот за заштита на потрошувачите
• Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од продажба на продукти, или плаќање на даноци при правање на наградни игри
• Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу потрошувачи и МАСТЕРСПОРТ и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на МАСТЕРСПОРТ
• Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,),  со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
• Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
• Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
• Финансиска полиција (со седиште: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3
1000 Скопје), за истражување на нерегуларности
• Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
• Државен санитарен и здравствен иснспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје), со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
• Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

 

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

 

• Усогласување со некоја законска норма
• Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
• Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

 

 

Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци

 

• Агенции за наплата на побарувања - со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
• Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со МАСТЕРСПОРТ
• Надворешни изведувачи на ИТ услуги - со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до согласностите на потрошувачите или до податоци на вработените
• Сметководители - со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
• Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти
• Сервис за сервисирање на продуктите – АУТОМАЗАК (со седиште: ул. Првомајска 100А, Скопје)
• Компанија што врши достава на продукти

 

 

Пренос на податоци

 

МАСТЕРСПОРТ ќе се погрижи секој меѓународен трансфер на информации за гостите да биде преземен само во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со земји кои можат да обезбедат соодветно ниво на заштита на правата и слободите на нашите корисници.

 

Доколку Вашите податоци бидат предмет на меѓународен трансфер, Вие ќе бидете соодветно и навремено известени.

 

 

Колку долго ги чуваме Вашите податоци

 

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

 

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

 

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор.

 

Податоците добиени преку изјава на согласност на потрошувач се чуваат се до нивното повлекување, но не и подолго од 10 години каде што е потребно да се обнови добиената согласност од страна на субјектот на личните податоци.

 

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

 

 

Законска обработка на лични податоци

 

Дозволено ни е да ги обработуваме вашите информации само ако имаме правна основа за тоа.

 

Обработката на личните податоци е законита, само ако и до оној степен доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:

 

• субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе конкретни цели,
• обработката е потребна за исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна, или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци пред неговото пристапување кон договорот,
• обработката е потребна за исполнување на законска обврска на контролорот,
• обработката е потребна за заштита на суштинските интереси на субјектот на лични податоци или на друго физичко лице,
• обработката е потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот утврдено со закон,обработката е потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на лични податоци коишто бараат заштита на личните податоци, особено кога субјектот на личните податоци е дете.

 

 

Вашите права

 

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

 

• да се информирате околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени, преку остварување на правото на пристап до информации утврдено во член 26;
• да побарате од МАСТЕРСПОРТ да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, согласно член 10;
• да побарате од МАСТЕРСПОРТ да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат, согласно член 10;
• да побарате од МАСТЕРСПОРТ да ги избрише Вашите лични податоци, согласно член 10;
• да поднесете барање до МАСТЕРСПОРТ со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци, согласно член 8;
• да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.

 

 

Промена во политиката за приватност на личните податоци

 

МАСТЕРСПОРТ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.


ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА

 

Колачиња и нивна употреба

Колачиња (cookies) се мали текстуални фајлови лоцирани на Вашиот уред за да собираат информации. Kолачињата се користат за нормално функционирање на одредени карактеристики на веб-страните што им го олеснува пристапот на корисниците до содржината.

 

Интернет страната www.mastersport.mk користи колачиња со цел страната да работи правилно и во насока на подобрување на вашето целокупно корисничко искуство на нашата веб страна.

 

Ги употребуваме за персонализација на содржинатa и огласите, унапредување на функционaлноста на социјалните медиуми и анализа на сообраќајот.

 

 Информациите собрани преку колачиња не ги користиме за да ве идентификуваме, туку да ги разбереме трендовите на употреба на нашата веб страна во насока на подобрување на нејзиниот перформанс. Колачињата може да ги зачуваат информациите за вашите кориснички навики, но не можат да ги читаат вашите лични податоци или информации од вашиот хард диск.

 

Кога за прв пат ќе пристапите на нашата веб страна добивате порака со објаснување за употребата на колачињa. Откако накратко ви е објаснета причината за користење на колачиња, вие имате право да се согласите односно не се согласите со употребата на колачињата преку означување на едно од наведените полиња. Со одбирање на полето ,,Прифаќам” вие потврдувате дека се согласувате со користењето на колачињата. Исто така можете да одберете да не дадете согласност за користење на колачињата со одбирање на полето ,,Прилагоди поставувања”. Иако прифаќањето на колачињата не е неопходно за функционирање на веб страната, имајте во предвид дека колачињата би ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето.

 

Типови на колачиња на интернeт страната www.mytimе.mk

Неопходни колачиња

Колачиња за аналитика

Функционални колачиња

Колачиња за маркетинг

2.1 Неопходни колачиња - исто така понекогаш може да се наречат и HTML колачиња, се користат за навигација и за олеснување на вашиот пристап и користење на страната. Тие се неопходни зa пренос на комуникации на мрежата или за снабдување на услуги побарани од вас. Употребата на овие колачиња овозможува безбедно и ефикасно користење на колачињата. Нашата веб-страница бара употреба на овие колачиња за правилно управување или обезбедување на неопходните функции во врска со услугите што ги барате. На пример, нашата веб-страница ги користи овие колачиња за да идентификува доверлив веб сообраќај. Овие колачиња не содржат никакви лични податоци и не може да се исклучат со овие поставки.

 

2.2 Колачиња за аналитика - овие колачиња ни овозможуваат да ја подобриме работата на нашата веб-страна, дозволувајќи ни на нас и на нашите трети даватели на услуги да го препознаваме и броиме бројот на посетители и да видиме како посетителите се движат на нашата веб-страна кога ја користат. Овие колачиња генерираат збирна статистика што не е поврзана со индивидуализиран профил.

 

2.3 Функционални колачиња - овие колачиња се корисни за подобрување на искуството на вашата веб-страна, но не се од суштинско значење. На пример, овие колачиња ни помагаат да препознаеме дека се враќате на нашата веб-страна и да ја персонализираме содржината за вас.

 

2.4 Колачиња за маркетинг – истите може да ни овозможат да снимаме информации за вашата посета на нашата веб-страна со цел да ги направиме нашата веб-страна и рекламирањето прикажано на неа порелевантни за вашите интереси.Тие ни помагаат да го разбереме купувачкото однесување на нашите посетители, што ни помага да продолжиме да ја подобруваме нашата веб-страна во ваша корист. Колачињата за маркетинг може да бидат и колачиња од трети страни. Информациите собрани преку овие колачиња може да се користат за маркетинг активности на Google Ads, Facebook, Instagram или за рекламирање на други веб-страни кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил нашата веб-страна. Google, Facebook, Instagram и други трети страни прикажуваат AdWords односно реклами низ различни интернет страни и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие реклами се засноваат и на претходни посети на корисниците на нашата веб-страна користејќи колачиња. За повеќе информации во врска со колачињата поставени од трети страни погледнете ги нивните сопствени политики за приватност и колачиња.

 

Контакт

 

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: kontakt@mastersport.com.mk

 

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.