Правила и Услови за Користење
Правила и Услови за Користење
Ве молиме внимателно прочитајте ги правилата за користење и купување во mastersport.mk
ВОВЕД
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие правила и услови за користење на сајтот и купување наши производи. Бидејќи со самото користење на сајтот или правење нарачка преку сајтот или преку друг начин на комуникација автоматски се сложувате со овие правила. Исто така ве молиме да одвоите време и да ги прочитате нашата политика на приватност и политика за колачиња.
Доколку не се согласувате со овие правила или нашата политика за приватност и колачиња ве молиме да го напуштите сајтот.
ЦЕНИ
Сите цени во оваа Интернет Продавница се во Денари и се конечни на денот на нарачката и се со вклучен ДДВ.
Наведените цени важат исклучиво за интернет продажба. Наведените карактеристики и фотографии на производите се од информативен карактер. Воедно Друштво за производство инженеринг услуги и промет МАРВЕС Бранислава ДООЕЛ Скопје го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.
Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 7 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот. Освен ако не е поинаку назначено. Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката, освен во случај ако нарачката ја имате платено со кредитна картичка или со банкарски трансфер.
Со секоја нарачка ќе добиете фактура во која детално се опишани сите производи со цени како и даночната основица без ДДВ и вкупниот износ со вклучен ДДВ.
Фактурите од нарачките може во секое време и дополнително да ги превземете и преку вашиот профил во PDF формат.
ПРАВЕЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ
Правењето нарачки во MASTERSPORT е исклучително лесно, додавате производи во кошничката, и за крај притискате на копчето за нарачка каде ги пополнувате полињата бирате начин на плаќање и испорака и за крај кликате на копчето нарачај
Во моментов подржуваме два начини за плаќање на нарачките:
– Плаќање при Достава со Откуп
– Плаќање преку Банка на Сметка (Вирмански)
По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата.
Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.
Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден.
Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.
Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-3 дена, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.
По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.
Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или со банкарски трансфер (вирмански).
Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.
Можно е пред испорака нарачките да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.
ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
Производот можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување да го замените рок од 15 дена од денот на преземањето. А претходно да не контактирате на тел 02 3090 115 да се договориме за што конкретно сакате да направите замена.
Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го замениме.
Откога производите што сакате да ги замените ќе стигнат во нашето седиште. Веднаш ќе ви биде пратена соодветна замена согласно договор. Не може да правиме замени без прво да се вратат производите.
Поштарината за замените е на сметка на клиентот.
ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување, со приложените документи (фаткура/број на нарачка) и број на трансакциска сметка да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.
Парите ги враќаме исклучиво на трансакциска сметка.
Доколку со производот сте платиле и поштарина, ве информираме дека поштарината не подлежи под поврат на средства и не може да се вратат парите за истата. Поштарината е искористена и платена услуга за која пари не се враќаат.
Императивно е производот што го праќате да биде убаво заштитен, доколку оригиналното пакување или производот е оштетен на било кој начин, нема да можеме да ви го прифатиме.
Откога производите што сакате да ги вратите ќе стигнат во нашето седиште. Парите ќе ви бидат префрлине на Вашата трансакциска сметка во најкус можен рок.
Поштарината за враќањето на производите е на сметка на клиентот.
ЈУРИСДИКЦИЈА
Секогаш сме расположени и полни со позитивна енергеија сите евентуални проблеми да ги решиме на пријателски и културен начин. Доколку поради некоја причина тоа не е можно тогаш за сите спорови и несогласувања надележен е Основен Суд Скопје.